Вест хем имале неуспешен обид да го донесат во своите редови најдобриот стрелец во италијанската Серија А, Дуван Запата од Аталанта со понуда од 40 милиони евра, но клубот од Бергамо едноставно ја одбил понудата, барајќи многу повеќе, јавува „Калчомеркато“.
27-годишниот Запата дојде во Аталанта ова лето на двегодишна позајмица со опција за купување од Сампдорија, и оваа година едноставно „експлодираше“. Колумбиецот има 17 гола и 3 асистенции во 27 настапи, од кои 14 гола се во Серија А, а што е уште поимпресивно, дојдоа во последните осум меча, вклучувајќи четири против Фросиноне во неделата.
Иако Милан и Рома беа на листата на клубови кои беа заинтересирани за Колумбиецот, „Калчомеркато“ тврди дека Вест хем се првите кои дале конкретна понуда од 40 милиони евра.
Физичката градба на Запата значи дека тој би бил уште подобар во Премиер лигата, посебно бидејќи се работи и за многу брз фудбалер. Аталанта платија 14 милиони евра за две години, со опција за купување од 12 милиони евра, која според италијанските медиуми веднаш ќе биде активирана.
Фото: ЕПА