Top Sport

Вест Хем парично казнет

Фудбалскиот клуб Вест Хем јунајтед е казнет со 30.000 фунти поради кршење на анти-допинг правилата. Вест Хем го прифати обвинението дека не обебзедиле точни информации за околу престојот и двеижењето на неговите фудбалери три пати во последната година, што е спротивно на анти-допинг правилата на Фудбалската асоцијација.

Играчите поединечно давале информации за своето движење, но според правилото клубовите се тие што мора да ја известат ФА за нивниот распоред на тренинзи, промената на локацијата, промената на адресата…

Ова правило е воведено за на анти-допинг инспекторите да им се олесни пристап до фудбалерите.

Вест Хем соопшти дека клупската администрација направила грешка, дека вината не е на фудбалерите и прифатил да ја плати казната.

Scroll to Top