Top Sport

Вест хем се договориле со Лил за трансферот на Амаду Онана

Вест хем се договориле со Лил за трансфер на фудбалерот од средниот ред, Амаду Онана, кој би требало да биде замена за капитенот Марк Нобл, кој замина во пензија.

20-годишниот Онана одигра 32 натпревари за Лил во 2021/22, а ова лето дебитираше и за белгиската репрезентација, и „чеканите“ ќе платат 33 милиони фунти за неговиот трансфер.

Вест хем имаа одличен летен преоен рок, носејќи ги во клубот Алфонс Ареола, Џанлука Скамака, Флин Даунс и Најеф Агуер.

Scroll to Top