Top Sport

Вест хем се засилија со швајцарскиот голгетер Ајети

Вест хем јунајтед го потврдија трансферот на младиот напаѓач на Базел, Албијан Ајети, кој потпиша четиригодишен договор со „чеканите“ кои платија 8 милиони фунти за него.

22-годшниот Ајети, кој постигна 21 голови за Базел минатата сезона, исто така е и швајцарски репрезентативец со седум настапи за националниот дрес. Тој треба да биде засилување во нападот, откако од Вест хем заминаа Марко Арнаутовиќ (Шангај СИПГ), Лукас Перез (Алавес) и Енди Керол (крај на договорот).

Тимот на Мануел Пелегрини веќе потроши рекордни 45 милиони фунти да го донесе францускиот напаѓач Себастиен Халер од Ајнтрахт, а во тимот дојде и Пабло Форналс од Вилјареал за 24 милиони фунти.

Scroll to Top