Top Sport

Вест Хем со студен туш за Покетино и Тотенхем

Вест Хем направи вистински подвиг, откако се врати од 2:0 негатива на „Вембли“ против Тотенхем, за 3:2 победа и елиминација на фаворитот во осминафиналето на англискиот Лига куп.

За тимот на Славен Билиќ сè изгледаше готово во првото полувреме, откако Муса Сисоко и Деле Али донесоа 2:0 водство за Тотенхем, меѓутоа Андре Ају со два гола во пет минути (од 55. до 60. минута) ги врати „чеканите“ во игра, пред 10 минути подоцна Анџело Огбона да го постигне победничкиот гол.

Во вториот вечерашен меч, Челси беше подобар од Евертон со 2:1, откако Ридигер по еден корнер со глава го совлада Пикфорд, пред Вилијан да постигне супер-гол. Калверт-Луин само го намали водството на „сините“ по истекот на регуларните 90 минути.

Scroll to Top