Рис Бурк со гол во 112. минута ги однесе Вест Хем во 1/16 финалето на ФА купот, откако „чеканите“ се намачија против третолигашот Шрузбери во повторениот меч.
Мечот на „Олимпискиот стадион“ во Лондон отиде во продолженија, откако тимот на Дејвид Мојс не успеа да го „скрши“ отпорот на аутсајдерот во регуларните 90. минути.
Лестер сити пак, го совлада нисколигашот Флитвуд со 2:0 во меч во кој за првпат во англискиот фудбал со користење на видео-снимки (ВАР) беше потврден гол кој прво беше поништен.
Нигериецот Келечи Ихеаначо постигна гол за водство од 2:0, но прво судијата Џон Мос објави дека е офсајд, по што неколку моменти подоцна голот беше признат по користењето на ВАР технологијата.
ВАР за првпат се користи во ФА купот оваа сезона.
ФА КУП, 3.КОЛО, ПОВТОРНИ НАТПРЕВАРИ
Лестер – Флитвуд 2:0
Менсфилд – Кардиф 1:4
Шефилд венсдеј – Карлајл 2:0
Вест Хем – Шрузбери 1:0 по продолженија
Рединг – Стивиниџ 3:0