Top Sport

Ветеранот Адебајор се враќа во Премиерлигата?

Искусниот голгетер, Емануел Адебајор (36) ја заврши својата авантура во турски Башахшехир и според пишувањата на англиските медиуми, е многу блиску до враќање во Премиерлигата.

За Тогоанецот сериозно се заинтересирани Вест Хем, Вотфорд и новиот премиерлигаш, Шефилд Јунајтед.

Вест Хем на пазарот бара уште еден напаѓач, конкуренција за Чичарито Ернандес и Себастијан Алеу.

Новајлијата пак Шефилд смета дека со доаѓањето на Адебајор во нивните редови клубот би добил на искуство и би имал шанси за опстанок во елитното друштво.

Адебајор премиерлигашката кариера ја започна во Арсенал во 2006 годин, кога од Монако дојде за 10 милиони евра. По 3 години отиде во Манчестер Сити за 29 милиони евра, а во 2011 година отиде на позајмица во Тотенхем каде остана цели 3 години.

Scroll to Top