Top Sport

Ветеранот Годин замина од Каљари во Атлетико Минеиро

Уругвајскиот ветеран Диего Годин се договори за прекин на договорот со Каљари и ќе се врати во Јужна Америка, каде што ќе потпише со бразилскиот Атлетико Минеиро.

35-годишниот Годин пристигна на Сардинија како слободен играч во септември 2020, и одигра 40 меча за Каљари, но поодамна беше исклучен од првиот тим на италијанскиот прволигаш по само 12 настапи оваа сезона.

Тој имаше договор со клубот до јуни 2023 година, но сега патува во Бразил, враќајќи се во Јужна Америка првпат од 2007 година, кога од Насионал де Монтевидео направи трансфер во Вилјареал во 2007. Годин помина девет години со Атлетико Мадрид, пред во 2019 година да направи трансфер во Интер, каде што одигра една сезона.

Scroll to Top