Top Sport

Ветеранот Молина и Гранада ја декласираа Мајорка

Фудбалерите на Гранада, како гости, ја декласираа Мајорка со 6:2 во 35. коло од Ла Лига.
Ова беше директен судир на екипи кои се борат за опстанок, а Гранада на овој начин ја прескокна Мајорка и ја остави во зоната за испаѓање.

Во пресрет на овој натпревар Гранада беше прва под линијата со 31 поен, Мајорка и Кадиз имаа по 32, а сега овие две екипи се во поголеми проблеми.

Гранада поведе во шестата минута, Луис Суарез погоди за 0:1. Мајорка успеа да израмни преку Салва Севиља во 28. минута и резултатот по првото полувреме.

Во вториот дел Гранада целосно го растури домашниот тим. Ескудеро веднаш погоди во 46. минута за 1:2, а во 55. Молина донесе 1:3.

Раиљо накратко им ја врати надежта на домашните во 58. минута, но тоа беше се.

Молина во 69. и 90. минута и Узуни во 78. минута донесоа убедлив триумф за гостинската екипа.

Scroll to Top