Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Аксел Вицел ќе мора да паузира до крајот на 2019 година, откако завршил во болница по „незгоден пад“ во неговиот дом.
Вицел, кој ги одигра сите 90 минути при 5:0 победата над Фортуна Диселдорф бил на операција на лицето и забите во Клиникцентрум болницата во Дортмунд во текот на викендот и иако бил пуштен од болница, тој ќе паузира во следните четири натпревари.
„Вицел за жал ќе паузира до крајот на годината. Ова го дознав вчера наутро и не можев да зборувам со него бидејќи беше во болница. Работите сега не може да се сменат. Штета за него, штета за нас бидејќи е еден од најважните фудбалери“, призна тренерот на Дортмунд, Лусиен Фавр.
Вицел има 3 гола во 21 настап за „милионерите“ оваа сезона. Тој дојде во Борусија од кинескиот Тијанџин Кванџијан летото 2018 година, а претходно играше и за Зенит Санкт Петербург, Бенфика и Спортинг Лиеж.