Хрватскиот дефанзивец Домагој Вида кариерата ќе ја продолжи во редовите на турскиот шампион Бешикташ.
Динанамо Киев и Бешикташ преговорите околу трансферот на Вида ги започнаа уште во летниот преоден рок, но тогаш двете страни не најдоа „заеднички јазик“.
Вида во Бешикташ доаѓа како слободен играч бидејќи договорот со Динамо му истекува на 31.декември.
Официјално трансферот ќе биде потврден по 1.јануари 2018 година кога ќе започне зимскиот преоден рок.
Alemin gözü yaşlı, Vida artık Beşiktaşlı.. pic.twitter.com/J0lq8mbMg6
— Fırat Günayer (@firatgunayer) December 22, 2017