Top Sport

Вида ќе ја засили одбраната на Рома

Хрватскиот репрезентативец Домагој Вида, по само една година ќе го напушти Бешикташ и ќе се пресели во Рома. Бешикташ се наоѓа во голема финансиска криза поради што не им прави проблеми за трансфери во други тимови, на играчите што имаат големи плати. По Пепе, Рајан Бабел и Рикардо Кварежма, следен што ќе замине е Вида.

Хрватот, во јануари минатата година, како слободен играч, пристигна во Бешикташ од Динамо Киев. Тогаш тој потпиша договор до јуни 2022 година.

Рома на турскиот тим ќе треба да му уплати 7,5 милиони евра. Вида, најпрвин ќе биде позајмен, а Рома пред завршувањето на сезоната има обврска да го откупи неговиот договор.

Според италијанските медиуми, Вида најдоцна утре ќе стане играч во Рома. Тој со клубот договорил годишна плата од два милиони евра.

Scroll to Top