Top Sport

Видал: Барселона мораат да направат одлука за Сетиен

Артуро Видал побара неговиот клуб, Барселона да направи јасна одлука околу иднината на тренерот Кике Сетиен, бидејќи сегашната неизвесност не е добра за никого.

Се верува дека Барселона му подготвуваат отказ на тренерот кој го поставија во јануари по отказот за Ернесто Валверде, откако Каталонците ја загубија титулата од Реал Мадрид иако имаа предност од два поени пред паузата поради корона вирусот. Барса ја очекува продолжување на обидот да се освои Лигата на шампиони во август, каде што треба да го одиграат вториот меч од осминафиналето против Наполи (откако на гости одиграа 1:1).

„Не работевме многу со Сетиен, бидејќи тој дојде на половина од сезоната и моравме да се адаптираме на играта многу бргу. Таа адаптација уште трае и кога ќе заврши сезоната клубот мора да направи јасна одлука за иднината. Мора да одлучат дали ќе остане, дали ќе дојдат нови играчи“, вели Видал.

Чилеанецот е меѓу тие за кои се шпекулира дека ќе направат трансфер, но тој вели дека има уште 12 месеци од договорот и ниту една понуда.

„Немам понуди, а имам и договор до 2021 година. Се чувствувам сигурен во моето место бидејќи постојано давам голови. Сакам да бидам важен во клубовите во кои играм“, вели Видал.

Scroll to Top