Top Sport

Видал: Јас сум уличен фудбалер

Новото засилување на Барселона, Артуро Видал се опиша самиот себеси како „уличен фудбалер“, но додаде дека тоа му помага фановите да го засакаат.

Чилеанецот пристигна од Баерн Минхен, а претходно играше и во уште еден елитен европски клуб, Јувентус.

„Јас сум фудбалер од ’барио’, од улиците и убаво е кога луѓето ќе го забележат тоа. Морав да жртвувам многу и не се срамам од каде сум. Сè што сум добил на теренот ми носи гордост, бидејќи за мене ништо не беше лесно“, вели Видал.

Чилеанецот вели дека тешкото детство го направило подобар човек.

„Кога бев млад живеев во опасно соседство и имав навистина тешко детство. Мојата мајка се грижеше за моите пет браќа и жртвуваше многу, но благодарение на неа сега можам да си дозволам подобар живот за мене и за моето семејство. Кога првпат се обидов да потпишам за Коло Коло имав 12 години и немав доволно пари да стигнам до таму и да купам опрема“, додава Видал.

Scroll to Top