Артуро Видал отворено проговорил за својот однос со колегата од репрезентацијата на Чиле, Клаудио Браво. Видал и уште неколкумина фудбалери му биле лути на голманот поради изјавите на неговата сопруга.
Чиле доживеа неуспех во квалификациите за пласман на Светското првенсто во Русија, а летово не успеа да ја одбрани титулата на Копа Америка. Оние што добро ги познаваат приликите во националниот тим, сметаат дека атмосферата била сериозно нарушена пред две години и дека дел од репрезентативците воопшто не комуницираат со голманот Браво.
„Сопругата на Браво не обвини дека сме пиеле, дека не сме тренирале бидејќи сме биле пијани. Не сум разговарал со него кога ќе се собереме. Машко сум можам некои работи да му кажам в лице. Пред две години му кажав што мислам, тогаш и се појавија коментарите. Не знам дали ме разбрал, но оттогаш не сме разговарале“, рекол Видал.
„Еден од нас двајца требаше да го направи првиот чекор, а тоа не бев јас. Поради тоа немав проблем и двајцата трениравме индивидуално. Не сме пријатели и никогаш нема да бидеме, но репрезентацијата секогаш е приоритет“, рекол играчот на Барселона.
Браво изминатите две години имаше проблеми со повредите. Од почетокот на сезоната три пати го чуваше голот на Манчестер сити.