Артуро Видал вели дека никогаш повеќе во животот нема да биде пријател со колегата од чилеанската репрезентација, Клаудио Браво по расправијата во јавноста во 2017 година.
Првите проблеми почнаа по 3:0 поразот од Бразил во 2017, со кои Чиле ги загуби шансите да се квалификува за Светското првенство во Русија во 2018 година. По мечот, сопругата на Браво, Карла Пардо преку социјалните мрежи обвини дел од фудбалерите дека премногу мислеле на забави, посебно Видал.
Оттогаш, двајцата воопшто не зборуваат, но Видал вели дека нема проблем да игра со голманот во репрезентацијата.
„Ги знам сите кодови, ги почитувам моите соиграчи. Кога победите се тука, сите сме пријатели, но кога ќе загубиме, се губи и лојалноста. Јас не сум таков. Пријатели, сигурно нема да бидеме никогаш, но во националниот тим ќе играме заедно. Тој ќе го даде максимумот, како и јас. Во фудбалот не се сите пријатели“, вели Видал.