Top Sport

Видал откри зошто ја обоил косата, Интер парично го казни

Артуро Видал експресно бил казнет од Интер, поради она што го кажал во последното интервју. Истакнал дека од наредната сезона сака да игра во Бразил, во Фламенго и се жалел на третманот што го имал кај Симоне Инзаги.

Видал, сезоната одигра 21 натпревар за Интер, но ниту еднаш не останал на теренот од почетокот до крајот. Во Серија А, во просек игра 24 минути по натпревар.

За да му покаже на тренерот Инзаги дека тој е во тимот, решил да го смени имиџот.

„Ја обоев косата за да може тренерот да види дека сум тука. Не играм често оваа сезона“, рекол Видал и продолжил.

„Фламенго многу ми се допаѓа, претседателот ми подари дрес, тоа ми го скрши срцето. Се надевам дека наскоро ќе играм за Фламенго. Мојата европска одисеја треба да заврши тука. Моја следна цел е да освојувам трофеи со Фламенго. Екипата е конкурентна, најдобра е во Јужна Америка“.

Интер парично го казни Видал, а се уште не е познато да ли ќе конкурира за место во тимот за натпреварот со Фиорентина.

Scroll to Top