Фудбалерот на Барселона, Артуро Видал (32) од неодамна е слободен откако ја прекина врската со една од најпопуларните фитнес-тренери во светот, атрактивната Колумбијка Соња Исазо (31).
Тие двајца беа во голема љубов, често објавуваа заеднички фотографии, па одеднаш следеше раскинувањето. За него причина најверојатно е преголемиот број обврски кои го имаат двајцата.
Видал со Барса е во потрага по нови трофеи, а Соња редовно ги известува своите 3 милиони следбеници на Инстаграм што се случува во вежбалната.