Top Sport

Видал пак со мистериозен пост на Инстаграм

Фудбалерите и социјалните мрежи понекогаш не се добра „спојка“. Чилеанскиот напаѓач на Барселона, Артуро Видал е еден таков пример.

Откако Видал беше исфрустриран што не беше поставен во игра за мечот против Тотенхем во Лигата на шампионите, Видал почна преку социјалните мрежи да го искажува својот без со мистериозни постови. Откако не беше во игра ниту за дуелот со Валенсија на „Месталја“, „Кинг Артуро напиша интересна порака на Инстаграм.

„Не се бори со Јудите, тие ќе се обесат самите“, напиша Видал.

Малку подоцна, Видал реши да ја избрише пораката. Останува да се види каква ќе е реакцијата на Барселона, но засега тој ќе има време да се „смири“ со настапите за Чиле во пријателските мечеви против Перу и Мексико.

Фото: ЕПА

Scroll to Top