Top Sport

Видал: Толку пати ме ограбија против Реал што не се сеќавам на деталите

Артуро Видал (36) на својот Твич канал зборуваше за Реал Мадрид и други теми. Чилеанскиот играч за врска, сега член на бразилски Атлетико Паранаенсе, во текот на својата кариера настапуваше за Коло Коло, Баер Леверкузен, Јувентус, Баерн, Интер, Фламенго и Барселона. Тој беше во каталонскиот клуб од 2018 до 2020 година и таму го освои шпанското првенство и Суперкупот.

„Толку пати ме ограбија против Реал што повеќе не се сеќавам на деталите. Не се ни сеќавам кога се случи конкретната контроверзна ситуација против него. Моите тимови често беа ограбувани“, тврди Видал, кој пред неполи 48 часа на носилки беше изнесен од теренот на натпреварот Чиле-Колумбија. Новинарите во Чиле шпекулраат дека поради оваа повреда Видал може да ја заврши кариерата.

Видал играше со Серхио Бускетс во Барселона, додека Касемиро за Реал. Со оглед на тоа дека и двајцата се централни играчи од средниот ред, Видал одговори на прашањето кој според него е подобар.

„Бускетс, без сомнение. Централниот играч за врска ја контролира играта на секој тим. Касемиро не прави ништо од тоа, па јас би го избрал Бускетс“, изјави Видал.

Бускетс денеска е член на Интер Мајами, додека остатокот од кариерата го мина како првотимец за Барселона, за која одигра 722 натпревари, постигна 18 и забележа 45 асистенции. Со Барселона освои 32 трофеи, додека со Шпанија беше европски и светски првак.

Касемиро настапува за Манчестер Јунајтед, додека претходно го носеше дресот на Сао Паоло, Реал Мадрид и Порто. Најимпресивниот дел од кариерата го помина во Реал, каде со Лука Модриќ и Тони Крос формираше незаменливо трио од средниот ред. За мадридскиот клуб одигра 336 натпревари, постигна 31 и запиша 29 аситенции и освои 18 трофеи.

Scroll to Top