Фудбалерите на Атлетико Мадрид остварија важна победа во малото градско дерби против Хетафе во натпреварот од 13-то коло на шпанската Ла Лига.
Избраниците на Чоло Симеоне во предградието на Мадрид, на „Колосеум Алфонсо Перез“ победија со 1:0.
Натпреварот го реши автоголот на Домингос Дуарте во 82-та минута. Несреќниот Португалец сакаше да го спречи Гризман да постигне гол по центаршутот на Распадори, но самиот ја затресе мрежата на својот тим.
Претходно, голманот на Хетафе, Давид Сорија, имаше три спектакуларни одбрани, две во првиот дел против Нико Гонзалес и една во второто полувреме кога о сречи Алекс Баена да постигне гол.
Хетафе, можеше да го шокира фаворитот, но немаше среќа во четвртата минута од судиското продолжение кога можеше да израмни, но Уругваецот Мауро Арамбари ја погоди пречката од пресврт.
Ова е петта последователна победа за тимот на Атлетико Мадрид во шпанската Ла Лига, што ги остава во трка за титулата. „Јорганџиите“, моментално се на четвртото место со 28 бода, еден помалку од третопласираниот Виљареал и три помалку од тандемот Барселона – Реал Мадрид, со напомена дека Реал има натпревар помалку.
Претходно во текот на денот, Бетис и Џирона одиграа нерешено 1:1, исто како Овиедо и Рајо Ваљекано во натпревар без голови (0:0) и со по еден црвен картон.
Foto/ EPA
