Челси го потврдија трансферот на јамајчанскиот вундеркинд Дуџуан „Виспер“ Ричардс, купувајќи го Финикс олстар академијата, и тинејџерот ќе се приклучи на клубот од „Стемфорд Бриџ“ во 2024 година откако ќе наполни 18 години.
17-годишниот Ричардс веќе е репрезнтативец на Јамајка и беше дел од тимот кој вчера одигра 1:1 со САД во Голд купот. Тинејџерот беше поврзуван со Њукасл, каде што беше на проба оваа година, но на крајот „сините“ сметаат дека се работи за фудбалер во кој ќе биде иднината на клубот.
Chelsea Football Club have completed the signing of Jamaica international Dujuan ‘Whisper’ Richards, who will join the club next season following his 18th birthday. ✍️
— Chelsea FC (@ChelseaFC) June 24, 2023