Челси се пред потпис со дефанзивниот играч од средниот ред на Спортинг Лисабон, Мануел Угарте, јавува „ЕСПН“, како ново засилување за новиот менаџер, Маурисио Почетино.
Челси, но и Пари Сен-Жермен беа подготвени да ја активираат откупната клаузула на уругвајскиот репрезентативец од 60 милиони евра, меѓутоа, Челси исто така нуди „солидарни“ исплати и дополнителни бонуси, кои го убедиле португалскиот клуб.
22-годишниот Угарте уште не донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата, но знае дека Почетино го цени и планира да го постави покрај Енцо Фернандез во средината на теренот. Угарте има 44 настапи за Спортинг оваа сезона.