Top Sport

(Видео) Де Брујне со голчиште ја врати рамнотежата – Реал-Сити 1:1

Кевин де Брујне се најде на вистинското место и во 67. минута израмни на 1:1 во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити, за тимот на Пеп Гвардиола, конечно, да ја искористи предноста која ја имаше со поседот на топката.

По водството на „кралевите“ со фантастичниот гол на Винисиус Жуниор, во второто полувреме повторно тимот на Пеп Гвардиола ја имаше иницијативата, за во 67. минута, Де Брујне да покаже што умее.

Scroll to Top