Топспорт во Манчестер,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа катастрофален пораз на гостувањето против Англија на „Олд Трафорд“. Избраниците на Благоја Милевски примија седум гола (7:0) од ѕвездите на Англија или вкупно десет за два меча, ако се смета и поразот (2:3) од Украина дома.
Фудбалски, Македонија речиси и да не постоеше на теренот откако поминаа химните на двете селекции и почна натпреварот. И во воведниот дел, додека сѐ уште држевме 0:0, Англија имаше комплетна иницијатива.
Хари Кејн во 29.минута го отвори резултатот, по одлилната акција на Рашфорд и на Лук Шо. Десет минути подоцна Букајо Сака го почна шоуто со спектакуларни голови. Погоди под гредата и ја закова топката зад грбот на Столе Димитриевски.
Во 45.минута во листата на стрелците се запиша и Маркус Рашфорд откако капитенот Стефан Ристовски имаше грешно додавање кон сопствениот шеснаесетник.
Во вториот дел, Букајо Сака набрзина постигна уште два гола за да комплтира хет-трик. Четвртиот беше исто така спекткуларен во 47.минута, а четири минути подоцна излезе сам пред Димитриевски и умешно го надмудри.
Калвин Филипс во 64.минута зголеми на 6:0, а седмиот гол повторно беше дело на Хари Кејн, но со удар од белата точка во 73. минута.
Графика: Sofascore за Тоспорт.мк