Top Sport

(Видео) Џабе 70 отсто посед на Пеп и Сити, Винисиус за водство на Реал

Иако фудбалерите на Манчестер сити очигледно добија задача да не им дадат да „дишат“ на ривалите од Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, нивната теренска иницијатива и 70-тина отсто посед на топката во првите дваесетина минути на крајот не функционираше, откако во една брза акција, Винисиус Жуниор да постигне прекрасен гол за водство во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите.

По неколку обиди на Сити, како и една опасна ситуација пред голот на Едерсон, во 35. минута, Модриќ го проигра Камавинга, кој одлично го најде Винисиус, кој го поажа својот стил со прекрасен гол.

Scroll to Top