Хулиганите на АЗ Алкмар го шокираа фудбалскиот свет, со она што го направија по елиминацијата на нивниот клуб на Конференциската лига. Вест Хем, во Холандија допатува со предност 2:1, а дуелот во Алкмар англсикиот тим го доби со 1:0.
По завршувањето на натпреварот, додека играчите на Вест Хем славеа на теренот, хулиганите ги нападнаа „обичните“ навивачи меѓу кои беа и семејствата на фудбалерите на клубот од Лондон.
AZ fans storming the gates to get to the West Ham fans 🏴🇳🇱👊pic.twitter.com/yzsogkVkee
— Football Fights (@footbalIfights) May 18, 2023
Хулиганите ја прескокнаа оградата на нивната трибина и во обид да влезат на трибината каде што беа сместени навивачите на Вест Хем на другиот крај од стадионот, се упатија кон ложата и ги нападнаа семејствата на гостинските играчи.
Полицијата и стјуардите реагираа многу бавно, па гневните играчи на Вест Хем сами се организираа да ги бранат своите.
На снимката може да се видат Мајкл Антонио и Флин Даунс како скокаат преку билборди и се борат со стјуардите за да стигнат до ложата и да ги спасат семејствата од насилниците кои ги напаѓаа.
West Ham players clashing with stewards after AZ Alkmaar fans target their families in the stands after the game tonight… 😳 pic.twitter.com/bGbTsgdZyS
— Football Away Days (@FBAwayDays) May 18, 2023