Top Sport

(Видео) Голем кикс на Онана, нов колапс на Јунајтед, Баерн има 2:0

Големото старо дерби во Лигата на шампионите помеѓу Баерн Минхен и Манчестер јунајтед засега не разочарува по интересни половина час, кои остануваат забележани по киксот на голманот на гостите, Андре Онана и водството од 2:0 за домаќините.

Јунајтед на почетокот имаше повеќе од играта, и две убави шанси, но Баварците стигнаа до водство во 28. минута, кога по убавата комбинација Лирој Сане-Хери Кејн, шутот на Сане заврши во голот по несмасната интервенција на камерунскиот голман. Само четири минути подоцна, Џамал Мусијала ја наттрча одбраната на Јунајтед, за да му асистира на Серж Гнабри за 2:0.

Scroll to Top