Најмалку едно лице е повредено при инциденти на стадионот Алијанц, по завршувањето на натпреварот од 7. коло на австриската Бундес лига меѓу виенските ривали Рапид и Австрија.
Рапид победи со резултат 2:1, а откако натпреварот заврши се случи навивачка пресметка која го засени дури и последното поглавје од ривалството меѓу двата клуба.
Полицијата само успеа да спречи понатамошна ескалација на проблемот.
На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот, во еден момент изби тепачка. Еден навивач откако доби неколку удари падна на тревникот, а „другарите“ го одвлекоа назад на трибината.
22.09.2024🇦🇹Rapid Wien vs Austria Wien after match, check more here: https://t.co/ijAHdLwf1z pic.twitter.com/iro24dCrfc
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) September 22, 2024