Џанлука Манчини откако беше херој за Рома, асистирајќи му на Пауло Дибала за водство на „волчицата“ против Севилја во првото полувреме од финалето на Лига Европа, беше несреќник во второто полувреме, откако си постигна автогол на почетокот на второто полувреме за 1:1.
Севилја го почна второто полувреме со офанзива, која се исплатеше во 55. минута, кога по една нафрлена топка во шестнаесетникот, Манчини трапаво ја смести топката во сопствената мрежа.
Goall Mancini own goal gave Sevilla the equalizer
1-1 #UELfinalpic.twitter.com/gBWjnGfWKR
— FansArena (@FansArena4) May 31, 2023