Top Sport

(Видео) Масовна тепачка на озлогласени хулигани поради графити, сето тоа снимено од надзорни камери

Навивачите на Хајдук од Сплит и Динамо Загреб наводно се одговорни за големиот инцидент минатиот викенд.

Според хрватски Индекс, станува збор за судир помеѓу Бад Блу Бојс и Торцида. Навивачите на Динамо наводно цртале нови графити, а членовите на Торцида сакале да ја искористат таа ситуација и да ги нападнат, но нивниот обид не успеал.

На социјалните мрежи се шири снимката од кратката тепачка која се случила во вечерните часови, а нема информации за повредени.

Видеото од судирот меѓу двете навивачки групи е снимено со надзорна камера од блиската зграда.

Scroll to Top