Top Sport

(Видео) Матиќ спаси поен за Рома против Салернитана

Иако се во финалето на Лига Европа, каде што ќе се судрат со Севилја, Рома на Жозе Мурињо ја продолжи лошата серија во италијанската Серија А со тешко извојуваното 2:2 реми со Салернитана.

Со овој резултат, тешко е да се очекува дека Рома ќе се квалификува во Европа, и за тоа ќе треба да чека Јувентус да добие казна со поени, или ако ја победат Севилја да влезат директно во Лигата на шампиони.

Ветеранот Антонио Кандрева во 12. минута го замолчи „Олимпико“ со прекрасен гол, а иако Роџер израмни во финишот на полувремето, голот на Рома беше поништен поради играње со рака. Стефан Ел Шарави им даде надеж на домаќините само што почна второто полувреме во 47. минута, но Салернитана пак дојде во водство во 54. минута со голот на Булаје Диа. Рома, успеа да извлече поен во 83. минута преку Немања Матиќ.

Рома останува седма со 60 поени, еден помалку од Аталанта на две кола пред крајот, додека Салернитана веќе има обезбедено опстанок на 15. место со 35 поени.

Scroll to Top