Top Sport

(Видео) Маунт одби да потпише дрес, Манчестер јунајтед го бранат

Манчестер јунајтед преку официјално соопштение во кое го бранат својот нов фудбалер, Мејсон Маунт, кој беше фатен на снимка како одбива да потпише дрес на еден навивач. Мала група навивачи го „фатија“ Маунт на паркингот на тренинг-центарот во Керингтон барајќи потпис, но тој одби, по што клубот преку сооопштение го оценија навивачот како „професионален ловец на автограми“.

„За жал ваквите ситуации станаа премногу чести. Ова е нешто што Мејсон не го заслужува откако беше пријателски насочен кон сите кои му пријдоа. Професионалните ловци на автограми постојано вршат притисок на играчите на Јунајтед да потпишат повеќе дресови кои потоа ќе ги продаваат за стотици фунти. Овие организирани групи ги блокираат автомобилите на возачите и тоа станува опасна практика“, велат од клубот.

Scroll to Top