Top Sport

(ВИДЕО) Меси го „расплака“ Бекам, ги одушеви Леброн, Серена и Кардашијан

Лионел Меси постигна фантастичен гол на дебито за Интер Мајами и донесе победа од 2:1 против мексиканскиот Круз Азул.

Аргентинската ѕвезда маестрално изведе слободен удар во 94. минута, а од „магијата“ му се насолзија очите на сопственикот на тимот, Дејвид Бекам.

„Кога го видов досудениот слободен удар, помислив: „вака треба да заврши“. Ова е голема вечер за нашите фанови, но и за луѓето кои дојдоа само да го видат Лео. Oва е остварување на сонот за сите нас. Да го видам Меси како игра во оваа земја и лига… Немам што повеќе да ви кажам“, изјави Дејвид Бекам.

Многу големи ѕвезди беа присутни на дебито на Лео Меси. Мечот го гледаа Леброн Џејмс, Серена Вилијамс, Ким Кардашијан…

Scroll to Top