Аргентина ја освои Копа Америка. Во финалето по продолженијата ја победија Колумбија со 1:0, а единствениот гол го постигна Лаутаро Мартинез во 112. минута.
Сепак, во центарот на еден од најемотивните моменти на целиот турнир беше Лионел Меси. Аргентинската легенда мораше да го напушти теренот во 66. минута поради повреда на скочниот зглоб, а потоа камерите го фатија како неконтролирано плаче на клупата за резерви.
“Messi”
Por el conmovedor llanto del capitán argentino. pic.twitter.com/V5eUJJlbsy
— Tendencias en Argentina (@porqueTTarg) July 15, 2024
Messi's swollen ankle 😬 pic.twitter.com/dtZ1mQUogV
— FOX Soccer (@FOXSoccer) July 15, 2024
За среќа на Меси, Аргентина без него успеа да ја победи Колумбија и да ја освои втората последователна титула на Копа Америка и вкупно 16-та во историјата. По мечот, Меси како капитен го подигна трофејот, кој беше вкупно 45-ти во кариерата, а со тоа го зацврсти статусот на апсолутен рекордер во историјата на фудбалот.