Top Sport

(Видео) Милан во нокдаун – Џеко и Мхитарјан за 0:2 по 10 минути!

Милан е во нокдаун во првиот меч од полуфиналето од Лигата на шампионите, откако условно речено како домаќини губат со 0:2 од градскиот ривал Интер по само 10 минути игра.

Прво, Един Џеко ги замолче навивачите на Милан, откако во осмата минута по еден корнер, кој го изведуваше поранешниот играч на Милан, Хакан Чалханоглу, Џеко беше доминантен во дуелот со Давиде Калабрија, постигнувајќи ефективен гол.

Само две минути подоцна, одбраната на Милан потврди, дозволувајќи му на Хенрик Мхитарјан да постигне убав гол.

Scroll to Top