Абердин не успеа да го изненади фаворизираниот Слетик, во второто коло, во шкотската Премиер лига. Актуелниот шампион, како гостин, победи во Абердин со 3:1 (2:1).
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, го одигра целиот меч за Абердин и го постигна единствениот гол за својот тим. Првиот гол во Премиер лигата, оваа сезона, Миовски го постигна во 25.минута, кога Абердин израмни на 1:1.
GoaL | Bojan Miovski , 🏴 Aberdeen 1-1 Celtic
💰 Bet It All 200€ Welcome Bonus – https://t.co/eqWX0TkxqM pic.twitter.com/CDDccPWGzr
— FootColic ⚽️ (@FootColic) August 13, 2023
Првите два гола за Селтик ги постигнаа Јапонците Абада во 11. и Фурухаши во 29.минута. Точка на мечот стави О’рајли во 84.минута.
Абердин по првите два гола има освоено само еден бод.