Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ воопшто не беше среќен што тренерот Жорж Жесус го извади од игра во 84. минута од натпреварот против Ал Шабаб.
Митровиќ со неколку пцовки покажа што мисли за потегот на Португалецот.
Непосредно пред да биде повлечен од теренот, српскиот напаѓач постигна гол за 2:0 и ја потврди победата на Ал Хилал, за првото место на табелата.
Камерите го „уловија“ Митровиќ токму во моментот кога му дадоа знак дека треба да го напушти теренот.
„Митрогол“ беше најблаго речено револтиран од одлуката на Жесус, па не ги бираше зборовите додека го напушташе теренот, грдите зборви може да се прочитаат од усните српскиот репрезентативец.
Foto/ EPA
Mitrovic je pobesneo zbog toga sto je morao van igre pic.twitter.com/B1emCVklDh
— sportsscandals (@sportsscandals1) September 30, 2023