Top Sport

(Видео) Натпреварот на Портсмут го одбележаа повреди на судиите, мечот го судеше навивач во златни копачки

Натпреварот од Лига 1, помеѓу Портсмут и Челтенхем, влезе во аналите на англискиот фудбал. Дел од натпреварот судеше човек од публиката.

Еден од помошниците на главниот судија се повреди во 35.минута. Како што е вообичаено за вакви ситуации не го замени четвртиот судија. Но, 20 минути подоцна и тој се повреди, поради што натпреварот беше прекинат.

И тогаш се случи најбизарниот момент на натпреварот. Имено, официјалниот спикер преку разглас почна да бара квалификувани судии меѓу публиката. На сцена стапи извесен Џулијан Браунинг, локален судија во пониските лиги, кој сосема неочекувано стана важен актер на натпреварот на кој дојде како гледач.

„Ја добив опремата од вториот помошен судија, шорцеви и чорапи кои другиот судија ги имаше во резерва и златни копачки што ги најдовме во соблекувалната“, изјави „херојот на денот“, неочекуваниот помошник судија на натпреварот.

Откако тој за прв пат го подигна знамецето и покажа аут, публиката падна во транс. Тој брзо се адаптираше, но по мечот призна дека бил загрижен. Откри и зошто.

„Јас сум голем фан на Портсмут, веќе 50 години, отсекогаш имам сезонски билети. Проработее адреналинот. Бев загрижен за две работи, прво, ако има контроверзна одлука, и второ, ако Порсмут даде гол, како би реагирал?“, изјави навивачот на култениот англиски клуб кој освои две првенствени титули пред повеќе од 70 години, како и два ФА купа, од кои последниот беше во 2008 година.

На крајот не мораше да реагира, бидејќи натпреварот заврши без голови.

Scroll to Top