Top Sport

(Видео) Навивачите го пцуеја Феликс, Симеоне го прекина тренингот

Атлетико со победата над Гранада (3:1) ја започна новата сезона во Примера. Тренерот Диего Симеоне, на општо изненадување, во протоколут го имаше и Жоао Феликс. Најскапото засилување во историјата на Атлетико, не ги мина подготвките со тимот, а го навлече гневот на навивачите кога изјави дека отсекогаш сонувал да го носи дресот на Барселона.

Феликс, во јули 2019 година за сума од 126 милиони евра пристигна во Атлетико од Бенфика. Никогаш не успеа да ја разбере, ниту пак се обиде да се вклопи во тренерската филозофија на Симеоне.

Поради недоразбирањата, вториот дел од минатата сезона го мина на позајмица во Челси. Иако се чинеше дека „сините“ ќе го откупат неговиот договор, новиот тренер Маурисио Покетино веднаш го врати назад во Мадрид.

По победата над Гранада, Диего Симеоне сакаше да одработи полесен тренинг со играчите кои не играа, а меѓу нив беше и Феликс. Но, навивачите на Атлетико кои го следеа тренингот го нападнаа 23. годишниот Португалец со бурни навреди, па тренингот мораше да биде прекинат. „Овој Португалец е ку…н син“, викале незадоволните навивачи.

Иднината на Феликс во Атлетико не е светла, а на оваа тема Симеоне зборуваше за шпанските медиуми.

„Тој знае што ни треба и што очекуваме. Мора да се соочи со Мемфис, Гризман, Мората и Кореа. Ако е подобар од нив, ќе игра“, изјави тој за „АС“.

Scroll to Top