Top Sport

(Видео) Не го издржавме притисокот, Кејн не „начна“ во 29. минута

Македонија не успеа да го издржи притисокот на англиската репрезентација во првите половина час на „Олд Трафорд“, откако Хери Кејн во 29. минута постигна лесен гол за водство од 1:0 на „трите лава“ во мечот од квалификациите за Еуро 2024.

Англија во најсилен состав ни создаде многу проблеми од почетокот на мечот, но чекаше за гол до 29. минута, кога Маркус Рашфорд и Лук Шо во убаво изработена акција го пронајдоа Хери Кејн кој лесно го совлада Димитриевски.

Scroll to Top