Тежок инцидент на фудбалски натпревар се случи попладнево во српското село Жаблаќ.
Во финишот на натпреварот од четвртото коло од српската лига Запад, помеѓу домашниот тим Омладинц и ФАП, се случи тепачка, за која српските медиуми пишуваат дека ќе има несогледливи последици.
Како што може да се забележи на видеото, по голот на гостите од Прибој, на трибините се случи невиден инцидент Како најлошите хорор филмови. Тепачка во која учествувале неколку лица.
Како што објави „Спорт клуб“, најлошо минал таткото на еден од фудбалерите на ФАП, кој со сериозни повреди завршил во болница. Група насилници, најпрвин го претепале несреќниот човек на трибината, а потоа продолжиле да го тепаат и надвор од стадионот.