Top Sport

(Видео) Пак спектакуларна атмосфера, Интер-Милан 0:0 по првите 45 минути

Интер останува со предноста од 2:0 од првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите, откако во интересно и израмнето прво полувреме од вториот меч, остана 0:0 и покрај неколкуте добри шанси на двете страни.

Навивачите на Интер, овојпат како домаќини, се погрижија за фантастична кореографија на стартот на мечот, а кога започна, според очекувањата, Милан тргна поофанзивно бидејќи треба да брка резутат.

Но, голманите на двете страни добро се покажаа, а двете најинтересни ситуации беа пред голот на Интер – прво Брахим Дијаз во 10. минута, а потоа и Рафаел Леао со одлична шанса во 37. минута. Интер пак, имаше интересна ситуација во 37. минута преку Един Џеко, но и овојпат голманот Мајк Мањан беше на висината на задачата.

Scroll to Top