Top Sport

(Видео) Пандев уште го боли неправдата против Јуве од 2012: Можеби судијата знаеше македонски

Македонската фудбалса легенда, Горан Пандев во последно интервју во Италија зборуваше за својата поврзаност со Наполи и за желбата неговиот поранешен соиграч од репрезентацијта, Елиф Елмас да ја освои Лигата на шампиони со неговиот поранешен клуб.

„Поминав три прекрасни години во Неапол, го освоивме трофејот од Копа Италија и бевме на чекор до скудетото. Игравме добар фудбал, но за да се освои скудетото треба многу работи да бидат на свое место. Жал ми е што не успеавме, но тоа беше силен тим. Жал ми е што не ја освоија титулата во текот на викендот со домашна победа. Среќен сум за Елмас и за луѓето. Честитки до претседателот и до спортскиот директор, како и до Спалети, кој е одличен тренер со стилот на игра“, вели Пандев во интервју за „Радио ЦРЦ“.

Иако во кариерата Пандев најголемиот успех го имаше со Интер, со славната генерација под водство на Жозе Мурињо со славната тројна титула, тој жали за неуспехот на Наполи во Лигата на шампионите и поразот од Милан.

„Наполи играа многу добро во тие мечеви и требаше да го добијат тој прв меч против Милан. Жал ми е бидејќи мислев дека е сигурен патот во финалето. Лоботка најмногу ме изненади бидејќи претходно имаше тешка сезона, ддодека Кварацхелија го знаев бидејќи го сретнав неколку пати со македонската репрезентација“, вели Пандев.

Тој беше запрашан и за контроверзното финале на италијанскиот Суперкуп во 2012 година, кога во финалето во Пекинг доби црвен картон од судијата Мацолени за навреди упатени кон линискиот судија. По овие контроверзи, Наполи тогаш одби да учествува во церемонијата на доделување на трофејот.

„Што кажав во Суперкопа кога добив црвен картон? Бев лут бидејќи линискиот судија постојано го креваше знаменцето и му помагаше на Јувентус. Ни фали тој трофеј. Сега, знам дека судиите знаат многу јаззици, можеби тој знаеше македонски. Се сеќавам на речиси сите мечеви во Неапол, дури и тој против Манчестер сити“, вели Пандев.

Scroll to Top