Џирона беше фаворит против Штурм во Грац, најмногу поради извонредната партија во неделата против Еспањол, но Грац го напушти со пораз.
Штурм ја забележа првата победа во Лигата на шампионите, благодарение на голот што го постигна Беирет во 59.минута.
Но еден детал од овој натпревар ќе се прераскажува, шансата која во гол не успеа да ја претвори Иван Мартин. Во првата половина од првото полувреме, Иван Мартин повлече контра се обиде да го проигра Миовски во петте метри, откако еден дефанзивец на Штурм интервенираше, топката дојде на спротивната страна до Брајан Хил. Крилниот напаѓач упати паралелна топка со голот, таа дојде до Мартин, кој од два метри ја испрати над голот.
Girona’lı Hakim Ziyech
Az önce böyle bir şey yaşandı 😳😳 pic.twitter.com/W1BV4xpq9w— BURRİTO BEY DİYECEKSİNİZ! 🌮 (@BRKMTLYLDZ) November 27, 2024