Top Sport

(Видео) Резервниот голман заигра како напаѓач и постигна неверојатен гол

Натпреварот помеѓу Арборат и Рајт Роверс во 18. коло во Премиер лигата на шкотска го обележа неверојатен гол. Го постигна резервниот голман на Арброат, Али Адамс.

Адамс го започна натпреварот на клупата за резерви, но во 56. минута мораше да влезе во игра, но не како голман туку како напаѓач. Имено, неговиот клуб имаше само четворица играчи на клупата, а претходно веќе направи три промени.

Со оглед на тоа што беше повреден дефанзивецот Арон Стил, некој мораше да го замени на теренот. Адамс беше единствената опција, па влезе и заврши на позицијата во нападот, бидејќи дупката во одбраната ја закрпи еден од играчите кои претходно беа на теренот.

Во 61. минута од натпреварот Арброт заостануваше 2:0, а потоа во 78. падна гол кој ги врати во живот. Го постигна Адамс. Овој 32-годишник, кој сезонава немаше одиграно ниту еден натпревар, шутираше од 30 метри и постигна фантастичен гол. До крајот на натпреварот неговиот тим израмни, а стрелец беше Лејтон Мекинтош.

Scroll to Top