Екипата на Атлетико Мадрид моментално тренира во Лос Анџелес де Сан Рафаел, Шпанија.
Избраниците на Диего Симеоне важат за едни од физички најподготвените во Европа во изминатите десет години. „Марка“, ѕирна во кампот на Атлетико, каде на почетокот на подготвките главниот збор го има кондициониот тренер Уругваецот Профе Ортега.
Ортега го дизајнираше „ридот убиец“, кој беше создаден пред четири години.
Има наклон од 35 степени и тука играчите на Атлетико мораат да прават спринтови неколку пати на ден.
Ортега е еден од најголемите стручњаци за физичка подготовка во фудбалот, а својата идеја за „рид убиец“ ја тестираше во репрезентацијата на Уругвај.
🤔 Cosas típicas de pretemporada
✅ La rampa infernal del ‘Profe’ Ortega
📹 @casalfoto pic.twitter.com/dFiyBbwBnu
— MARCA (@marca) July 11, 2023