Top Sport

(Видео) Ротердам ја слави титулата, повеќе од 100 уапсени

Повеќе од 100 луѓе беа уапсени во центарот на Ротердам за време на немирите откако Феенорд ја освои титулата против Го Ахед Иглс.

Холандскиот „Тајмс“ пренесува дека полицијата интервенирала во централната улица во Ротердам, Кунсингел поради напади на навивачите врз полицајци и хулиганско однесување.

Се додава дека полицијата меѓу другото употребила димни бомби и топови на вода..
Според порталот, центарот на Ротердам вчера бил исполнет со навивачи на Феенорд, а околу полноќ полицијата ги повикала луѓето „љубезно, но итно“ да си одат дома.

Се додава дека во центарот на градот имало многу припадници на интервентната полиција, но според портпаролот на полицијата по првичните апсења тие не морале повторно да интервенираат.

Прославата на титулата ќе продолиж и денаска, кога играчите од панорамснки автобус ќе ги поздравата навивачите.

Стотици полицајци ќе бидат распоредени низ градските улици.

Scroll to Top