Top Sport

(Видео) Шчесни открива: Мислев дека ќе умрам на терен

Полскиот голман на Јувентус, Војчех Шчесни откри дека си помислил дека ќе умре на терен во април, кога побара да биде заменет на мечот против Спортинг Лисабон во Лига Европа поради проблеми со срцето.

Шчесни го напушти теренот во солзи, барајќи да биде заменет во првото полувреме, и сега признава дека болката била „страшна“ и дека чувствувал како градите да му експолодираат. По неколку недели пауза, тој се врати на фудбалот и беше редовен првотимец во Јувентус.

„Тоа беше страшно. Навистина мислев дека ќе умрам. Додадов топка до одбранбен играч и мислев дека срцето ќе ми експлодира. За време на еден корнер му кажав на Аркадијуш Милик дека имам болки, но играчите на Спортинг веќе го изведуваа корнерот“, открива Шчесни.

Тој додава дека не е сигурен што ја предизвикало болката и дека се сомнева дека се случило поради проблемите со грбот и ‘рбетот.

„До денеска, не ја знам причината. Најверојатно поради проблеми со грбот или ‘рбетот“, додава голманот.

Шчесни мораше да биде заменет поради болки во градите

Scroll to Top