Стив Кларк (60), фудбалската легенда на Челзи, во последните четири години ја препороди репрезентацијата на Шкотска.
Моментално, Шкотска ја предводи А-групата со максимални пет победи. Во таа серија Шкотите ги победија Шпанија и Норвешка.
Кларк со Шкотска синоќа беше поразен од Англија во пријателски натпревар (1:3). По мечот шкотскиот селектор даде изјава која со молскавична брзина се пренесе на социјалните мрежи.
„Дали би сакале да го имате во тимот Хари Мегваер?“, го праша новинарот Кларк.
Шкотскиот селектор одговори: „Не, апсолутно не!”
Мегваер си постигна авто-гол во 67. минута откако влезе во игра на полувремето. При водство на неговиот тим со 2:0 и за време на доминацијата на Англичаните, Шкотите кои дотогаш немаа ниту еден удар кон голот на гостите, се вратија во мечот благодарение на Мегваер.